Тимот на Вардар подготвува нов спектакл за навивачите во пресрет на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Европа против француски Монпелје.
Клубот најави фан-зона, која ќе биде централно место за загревање на атмосферата пред дуелот на кој ќе се брка голема негатива.
Фан-зоната официјално ќе биде отворена во 18:30 часот на платото пред главниот влез на салата, а мечот ќе почне од 20:45 часот.
„Она што го почнавме со организирањето фан-зони ќе продолжи и во иднина. Целта е на навивачите да им понудиме место за забава и заедничко создавање атмосфера. Најважна е позитивната енергија што сакаме да ја создадеме пред салата, а потоа да ја пренесеме и внатре, на трибините и на теренот“, објавија „црвено-црните“.
Вардар загуби со 33-23 на првиот меч со Монпелје, а реваншот е закажан за 5 мај од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
























