Уште едно капитално засилување за Охрид – доаѓа екс играч на ПСЖ!

По Дино Славиќ, Доминик Мате, Никола Зечевиќ и Мартин Карапалевски, во Охрид доаѓа уште едно големо засилување.

Станува збор за левото крило Адама Кеита, кој беше дел седум сезони од францускиот шампион ПСЖ, а последните година и пол ги мина во грчкиот АЕК Атина.

Кеита има 28 години и е поранешен младински репрезентативец на Франција, со која освои бронза на младинското СП 2017.

Додека беше дел од ПСЖ во ерата на Раул Гонзалез, освои седум титули во француското првенство, како и два трофеја во Купот на Франција.

Охрид на левата крилна позиција оваа сезона ги има капитенот Гоце Ојлески и младиот домашен играч Никола Ристески.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________