По екипата на Вардар, уште три македонски екипи упатија честитки кон ракометниот клуб Охрид за големиот успех на меѓународна сцена.
Шампионот Еурофарм Пелистер исто така им честитаа на „гладијаторите“, а на социјалните мрежи успехот на Охрид го поздравија Бутел Скопје и Куманово.
Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп по триумфот над словенечкиот Целје по пеналите со 29-27.
На патот до трофејот во ова натпреварување, пред охриѓани стои унгарскиот тим Татабања каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески.

























