Тимот на Драчево Јуниор по ремито со Младост Богданци, успеа да го освои целиот плен во Гостивар.
Во натпревар од 24 коло во прволигашката конкуренција, Драчево Јуниор славеше против Јехона со 35-28.
По 8-8, драчевци ја преземаа контролата на теренот, до паузата имаа 19-15, а во вториот дел само рутински ја задржаа предноста и на крајот славеа.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димитар Петковски со девет и Филип Фидановски со осум гола, а кај Јехона се истакна Адис Салиу со 11 погодоци.
Драчево Јуниор се зацврсти на третата позиција со 36 бодови, додека Јехона има 20 на осмото место.

























