Нант е вториот патник на Ф4 во ЛШ!

Екипата на Нант е вториот патник на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, откако во четвртфиналето го елиминираше незгодниот Спортинг Лисабон.

Францускиот клуб, кој на првиот натпревар во Нант триумфираше со 28:27, вечерва победи со 32:30 и си го завери пласманот на Ф4 во Келн.

Нант на реваншот беше предводен од Иван Пешиќ, кој имаше шоу меѓу стативите, Хрватот натпреварот го заврши со 17 интервенции, а во нападот одличен беше Мине со девет погодоци.

Кај Спортинг Лисабон се истакнаа браќата Мартим и Франциско Коста, првиот даде 14 погодоци, вториот имаше 11 реализации.

Освен Спортинг Лисабон, пласман на Ф4 турнирот во Келн обезбеди и Фуксе Берлин, кој го елиминираше Алборг.

Утре ќе бидат познати последните два патника на завршницата.

Фуксе Берлин доминантно обезбеди пласман на Ф4 во Келн!