Најголемиот репрезентативен успех на Македонија е направен за 1.000 евра!

Најголемиот успех во македонската ракометна историја го направи машката репрезентација со освојувањето на петтото место на Европското првенство 2012 во Србија. Од таму ќе тргне и континуираниот настап на Македонија на големите натпреварувања кој трае и до ден денеска.

Звонко Шундовски е селекторот кој ја води таа генерација, а ќе седи на клупата и на олимписките квалификации, како и на СП 2013 во Шпанија, по кое ќе си поднесе неотповиклива оставка.

„Наша македонска болка е што генерално не знаеме да си ги цениме ниту играчите, ниту стручњаците и многу сум свесен за тоа. Знаете за колкава плата е направен најголемиот успех на репрезентативно ниво? – за илјада евра месечно, од кои четири плати не ми се доисплатени. И покрај тоа, среќен сум што за г-динот Михајло Михајловски, сум тренерот кој го направил најсреќен и му го донесол најголемиот успех, за време на неговиот долгогодишен мандат како претседател на РФМ. Селекторите кои дојдоа после мене беа платени повеќекратно, како што налагаат европските стандарди. Не е се во парите! Треба да има нешто и во човекот, да остане голем и во лошите работи…“, објаснува Звонко Шундовски.

Викенд – интервјуто за 24ракомет со Шундовски прочитајте го подолу.

ИНТЕРВЈУ ЗВОНКО ШУНДОВСКИ: Жалам што моите успеси со репрезентацијата сѐ уште се недостижни!