Juri KNORR, Germany vs Iceland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 18.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Алборг во Кнор ја гледа замената за Микел Хансен

Како што пренесуваат медиумите во Германија и Данска, членот на Рајн Некар, Јури Кнор, би можел од следната сезона да се пресели во тимот на Алборг.

Иако средниот бек има актуелен договор со „лавовите“ до летото, 2026 година, од Алборг се подготвени да платат висока сума за неговата евентуална преселба.

Кнор доколку направи трансфер во Данска, тогаш ќе биде замена за легендарниот Микел Хансен. Како што е познато, данската легенда објави дека ќе ја завршува кариерата, а Кнор би бил негова идеална замена.

Природна позиција на Кнор му е среден бек, но може да игра и како лев бек, па така Алборг би добил квалитетно засилување, но и одлична замена за Хансен.

Алборг од следната сезона ќе биде предводен од поранешниот тренер на Фленсбург, Мајк Махула. Освен Махула, во данскиот тим ќе пристигне и Феликс Молер од Савехоф и Виктор Клове од Кристијанштад.

Рајн Некар не ги исполни очекувањата за тековната сезона во Бундес лигата, моментално клубот се наоѓа на 11. позиција на табелата, додека на европска сцена избори четвртфинале во Лигата на Европа.