Најдобриот стрелец на Холандија од Европското првенство во Германија, Рутгер Тен Велде, по одличните настапи на континенталниот собир беше на мета на многу клубови.
Левото крило, кое моментално го носи дресот на Либек, клуб кој се натпреварува во втората Бундес лига, на лето ќе се пресели во Гепинген.
Холанѓанецот во Гепинген ќе настапува најмалку две години и минутажата на терените ќе ја дели со некогашниот репрезентативец на Германија, Марсел Ширел.
Тен Велде за репрезентацијата на „лалињата“ настапува од 2017 година и веќе има забележано 63 меѓународни настапи.
На континенталниот собир во Германија беше меѓу најдобрите пет стрелци, постигна вкупно 45 погодоци.
Со репрезентацијата на Холандија настапи и на Европското првенство 2022, кое се одржуваше во Унгарија и Словачка.