Светската ракометна федерација ги објави делегирањата за финалето и натпреварот за трето место на Мундијалот 2025.
Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот за бронзен медал.
Оваа одлука беше очекувана со оглед на тоа што Хрватска игра во финалниот натпревар.
За третото место ќе се борат Франција и најголемото изненадување на Мундијалот – репрезентацијата на Португалија.
Овој натпревар е на програмата од 15:00 часот, а три часа подоцна, односно во 18:00 часот е финалето меѓу Данска и Хрватска.
На мечот за злато се делегирани шпанските арбитри Гарсија и Љоренте.