Македонската судиска двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе имаат нов голем предизвик во кариерата.
Тие добија делегирање од Светската ракометна федерација и ќе судат на Арапското првенство за кадети што ќе се игра следната недела.
Овој шампионат ќе биде на програмата од 21 до 30 април во градот Казабланка во Мароко.
Начевски и Божиновски добија ИХФ значка пред две години и во кариератa судеа на СП за кадетки, СП за младинци, потоа на првенство за земјите во развој…
Покрај ИХФ, тие имаат и ЕХФ значка и активни се во Европскиот Куп, Лигата на Европа, како и на репрезентативните натпревари…