Хрватска обезбеди финале на Мундијалот откако ја тресна големата Франција и славеше во преполната „Арена Загреб“ со 31-28.
Ова е голем успех за селекторот Дагур Сигурдсон, кој успеа за момент да ги замолчи хрватските критичари, но на Исланѓанецот не му оди на сите полиња како подмачкано.
Исландскиот „Висир“ објави дека Сигурдсон за време на Мундијалот ја прекинал љубовната врска со некошната мисица на островот, Ингун Сигурпалсдотир, иако причините за разделбата не се наведени.
Хрватите се надеваат дека емотивните проблеми на Сигурдсон нема да се одразат на подготовката за финалето и мечот за злато.
Исланѓанецот зад себе има еден брак и три деца.