По завршувањето на 54. издание на традиционалниот турнир во Струга беа доделени и индивидуалните признанија за ракометарите што оставија најсилен впечаток во текот на турнирските денови.
Мартин Ивановски од Охрид е прогласен за најкорисен играч – МВП на турнирот „Струга 2026“, додека неговиот соиграч Дино Славиќ го понесе признанието за најдобар голман.
Ивановски со своите настапи беше еден од најзабележителните ракометари во составот на Охрид и на крајот заслужено го доби највредното индивидуално признание на 54. издание на турнирот.
Меѓу стативите се истакна Дино Славиќ. Голманот на Охрид имаше одлични изданија во Струга и со голем број важни интервенции беше еден од клучните играчи на својот тим, што му ја донесе наградата за најдобар чувар на мрежата.
Признание остана и кај домаќинот. Хрватскиот интернационалец во редовите на Струга, Никола Јукиќ, е најдобар стрелец на турнирот со 22 постигнати гола.
ИНДИВИДУАЛНИ НАГРАДИ – „СТРУГА 2026“
МВП: Мартин Ивановски (Охрид)
Најдобар голман: Дино Славиќ (Охрид)
Најдобар стрелец: Никола Јукиќ (Струга) – 22 гола

























