Членот на Бутел Скопје, Бојан Блажески, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6. коло од Супер лигата.
Блажески брани во одлична форма и беше меѓу најдобрите против Прилеп, натпреварот го заврши со 13 интервенции.
Чуварот на мрежата освои 56% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше десниот бек на Охрид, Никола Шипинкоски, кој освои околу 20%.
Номинирани за МВП на 6. коло од Супер лигата беа уште Никола Костески, Кристијан Анастасовски, Филип Кузмановски, Марко Срдановиќ и Ловро Јотиќ.