МВП НА 12 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ДЕНИС ШАБАНОВИЌ (ПРИЛЕП)

Десното крило на Прилеп, Денис Шабановиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 12 коло од Супер лигата.

Црногорскиот интернационалец беше меѓу најдобрите поединци на домашниот натпревар против новиот суперлигаш од Автокоманда.

Десното крило освои 39% од гласовите, а прв конкурент му беше Даниел Ѓорѓески, кој имаше 28% од гласовите.

Номинирани за МВП на 12. коло беа уште Хансер Родригез, Зоран Ѓурковиќ, Павле Петровиќ, Мирче Калајџиески и Христијан Милошески.