МВП НА 10 КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – МАРКО КИЗИЌ (ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР)

Голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10 коло од Супер лигата.

Македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци и одбрани дури 26 удари на мечот со Голден Арт.

Шампионот славеше лесно на гостувањето во Скопје и ја продолжи победничката серија во Супер лигата.

Голманот освои 32.39% од гласовите, а прв конкурент му беше Мирослав Митевски, кој имаше 32.18% од гласовите. Меѓу двајцата имаше голема трка.

Номинирани за МВП на 10. коло беа уште Никола Стефановиќ, Никола Шипинкоски, Марио Мишевски, Бојан Спасовски и Илија Мелоски.