Му нема рамен во Романија – Динамо Букурешт слави 9. титула по ред!

Екипата на Динамо Букурешт на две кола до крајот ја одбрани титулата во романскиот шампионат.

Избраниците на Давид Дејвис со триумфот над директниот ривал Потаиса Турда со 42-30, ја направи предноста на првото место на табелата недостижна.

Сега Динамо има 70 бода на првото место, додека Потаиса Турда е второпласирана со 58 бодови и сосема извесно ќе заврши на таа позиција.

Динамо Букурешт досега запиша 23 победи и само едно реми, а најверојатно ќе заврши без пораз и рутински ќе ги одработи последните две средби.

Ова е деветта титула по ред за Динамо Букурешт или вкупно 21 во клупската историја.