„Можеби ова е крај на мојата кариера“

Една од најдобрите ракометарки на светот, средниот бек Стине Офтедал, која од сезона 2017/18 го носи дресот на унгарскиот гигант Ѓер, најверојатно ќе ја заврши својата богата кариера.

Норвешката репрезентативка истакна дека нема да го продолжи договорот со Ѓер и дефинитивно е решена да се повлече од ракометните терени, но не ја исклучува можноста некогаш да направи камбек.

,,Нема да го продолжам договорот со Ѓер. Но, тоа не е затоа што одам во друг клуб, туку решив да се одморам. Многу е веројатно дека ова е крај на мојата кариера, но би сакаал да ја оставам оваа врата отворена. Сум видела многу играчи кои се пензионираа, но по неколку сезони пауза се вратија на ракометните терени. Но, во моментов, според мене, најдоброто нешто што можам да го направам е да ја завршам кариерата”, изјави Офтедал.

32-годишната ракометарка со Норвешка освои голем број медали на големите натпреварувања, додека со Ѓер двапати се радуваше на златото во Лигата на шампионите.