Тимот на Младост Богданци со победа над Македонија Ѓорче Петров со 46-31 го заврши настапот во прволигашкиот плеј-оф оваа сезона.
Во центарот на вниманието беше испраќањето во пензија на капитенот на богданчани Никола Роглев, кој го одигра последниот натпревар во кариерата.
Пред стартот на мечот тој беше поздравен од легендарниот Игор Џамбазов, потоа од ракометарите на двете екипи, прими подароци и од клубот, од фудбалерите на Вардарски…
Роглев беше најдобар стрелец и постигна девет погодоци на мечот на кој паднаа 77 гола, а на полувремето беше 21-15.
Во некогашниот тим на Роглев, Македонија Ѓорче Петров, се истакнаа Божиновски со девет и Бучуковски со пет погодоци.