Младост Богданци останува непоразен дома, славеше и над Јехона!

Ракометарите на Младост Богданци во натпревар од 4. коло од прволигашкиот плеј-оф славеа на свој терен против Јехона со 34:29 (16:10).

За тимот на Младост Богданци денешната победа беше трета во борбата за камбек во елитата и со новите освоени бодови го презеде второто место на табелата.

Младост Богданци сега има 12 бодови на свое конто и заостанува на три бодови позади актуелниот лидер Бисинов од Велес.

На денешниот дуел домаќините од првата, па до последната минута имаа контрола на резултатот и во ниту еден момент не дозволија победата да биде доведена во прашање.

Листата на стрелци во победничката екипа беше предводена од Ѓорѓе Атанасов со девет погодоци, шест додаде Димитар Пеов, пет постигна Илија Чрчев.

Кај Јехона први стрелци беа Мојсие Тасески и Адис Салиу, првиот постигна седум вториот запиша шест реализации.