Младинки: Скопје убедлив, очекувани победи за Вардар и Ѓорче Петров

Викендов се комплетираше 3. коло во младинската лига во женска конкуренција, каде победи остварија екипите на Ѓорче Петров, Вардар и Скопје.

Ѓорче Петров го совлада Спартак со 39-31. Најефикасна кај екипата на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со 11 погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јована Јакимовска со 10 погодоци.

Скопје беше убедлив против Шампион со 35-22. Марија Стојановска го водеше Скопје до победа со 10 голови, додека кај Шампион, Тијана Мурџеска постигна шест голови.

Тимот на Вардар го порази тимот на Илинден Вардар со резултат 31-23.

Младинки, 3. коло, резултати:

Ѓорче Петров – Спартак 39-31
Скопје – Шампион 35-22
Вардар – Илинден Вардар 31-23
Куманово слободен