Младинците на тестови со Словачка пред ЕП

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска и утре ќе одигра две пријателски средби со селекцијата на Словачка.

Нашите ракометари се подготвуваат за настап на Европското првенство во Словенија, додека Словаците ќе играат на ЕХФ шампионатот во Косово.

Селекторот Раде Стојановиќ го скрати списокот и ќе има 18 ракометари на располагање за овој двомеч.

Словаците имаат солидна репрезентација со ракометари од германскиот Гумерсмах, шпанската Торелаваега, австрискиот Линц…па ќе бидат добар тест за Македонија пред ЕП.

Првата средба е на програмата во Пухов денеска од 18:00 часот, додека утрешниот меч се игра од 15:00 часот.