Maшката младинска репрезентација на Македонија веднаш по слетувањето на аеродромот во Скопје беше на прием во Владата на Македонија.
На приемот кај министерот за спорт, Борко Ристовски, тоj истакна дека е горд на младите ракометари и нивниот успех.
„Денес имав чест и задоволство да ја пречекам младинската машка ракометна репрезентација на Македонија, која на младинското европско ракометно првенство заврши на одличното 9-то место. Горди сме на нашите млади спортисти и нивниот успех, кој е резултат на напорната работа, посветеност и тимска игра. Честитки момци, продолжете да го следите вашиот пат кон успехот и да го носите македонското знаме со гордост!“, напиша Ристовски.
Македонија го освои 9 место на Европското првенство за младинци, откако славеше во битката со Франција со 30-29.