Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за доделување на премија на машката младинска репрезентација.
Ракометарите и стручниот штаб ќе бидат наградени со 1.000.000 денари за освоеното 9 место на Европското првенство.
„Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 22.07.2024 година донесе одлука за доделување на парична награда. Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката младинска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на Men’s 20 EHF EURO 2024 шампионатот во Словенија“, се вели во објавата на РФМ.
Македонија победи на пет меча, одигра два пати реми и загуби само еднаш на континенталното првенство, но немаше среќа да се пласира во ТОП 8.
Следен голем предизвик за оваа генерација ракометари ќе биде настапот на Мундијалот во Полска следната година.