Митревски: Игравме добро, но немавме доволно ротација

Македонија загуби од Словенија со 32-26 и се врати чекор назад во битката за пласман на ЕП 2026, а за тоа ќе решава со балтичките земји во мај, ако се знае дека ни следи тешко гостување во Копер.

Голманот на Македонија, Никола Митревски, го анализираше поразот од словенешката репрезентација.

,,Мислам дека при резултат 10-4 имавме еден избрзан шут, потоа не успеавме повторно да го наметнеме ритамот како на стартот. Тие ни се вратија со брза транзиција, а имаше и неколку чудни судиски одлуки. Тешко е да играш 60 минути перфектен ракомет против ваква репрезентација. Не нè изненадија со ништо, знаевме кој се тие – имаат играчи во Барселона, Алборг… Освојувале Лига на шампиони, пред десет месеци играа полуфинале на Олимписки игри. Многу работи зависеа и не зависеа од нас. Нашата цел е да одиме на победа и да држиме високо ниво што подолго. Игравме со брз ритам во првите 20 минути, но потоа паднавме. Тие ротираа, а ние немавме таква ротација. Недостигаше Никола Марковски во одбрана, Карасманакис доби црвен картон, па два-тројца играчи мораа да го изнесат товарот на средината, но сепак, игравме против квалитетна репрезентација”,  изјави Марковски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде гостувањето во Копер на 16 март од 18:30 часот. Средбите со Естонија и Литванија ќе се играат во мај.

Лазаров: Словенија победи заслужено, но резултатот не е реален

 

📷 Чекор назад во битката за ЕП – Словенија носи цел плен од Македонија!