Репрезентацијата на Македонија со поразот од Франција од 32:25 го заврши настапот на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Македонија ќе заврши во ТОП 16, а конечниот пласман ќе се знае по комплетирањето на сите натпревари од последното коло од главната фаза.
Младиот Марко Митев, кој одигра одигра одлично на Мундијалот и беше прогласен за МВП против Франција, го оцени настапот на СП како успешен.
,,Искрено јас сум задоволен од она што го покажавме на СП. Овој натпревар многу ни значеше, најмногу… но требаше уште повеќе да сме фокусирани, да се обидеме да изненадиме, но Франција е светски гигант, тешко е да се бориш со нив 60 минути, ние ја исполнивме нашата цел, завршивме во ТОП 16 и се надевам дека на следното првенство ќе бидеме уште подобри. Задоволен сум од минутажата, но морам да им кажам фала на моите соигрчаи, бидејќи да не беа тие, немаше да бидеме тука каде што сме сега”, изјави Митев.