„Министри за одбрана“ на ЕП: Емил Нилсен во потера на Дарко Станиќ!

Данскиот голман Емил Нилсен за првпат е во ростерот на неговата репрезентација на големо натпреварување.

Покрај Никлас Ландин шанси добиваа Кевин Мелер и Јаник Грин, па Нилсен некако беше во трет план, но сега блесна на Европското првенство.

Тој пред завршниот викенд на ЕП има 54 одбрани од 137 шута кон неговиот гол, односно 39% на успешност.

Нилсен би можел да го стигне првиот на вечната листа – некогашниот ас на Металург, Дарко Станиќ, кој на ЕП 2012 година, имаше 42% на успешност, односно 84 одбрани од 200 шута.

Голмани рекордери на ЕП: 

1.Дарко Станиќ (ЕП 2012), 84/200, 42%
2.Дејан Периќ  (ЕП 2002), 90/220, 40,9%
2.Петер Генцел (ЕП 2002), 70/171, 40,9%
4.Давид Баруфет (ЕП 2000), 87/215, 40,5%
5.Каспер Хвид (ЕП 2008), 124/307, 40,4%

Голмани на ЕП 2024:

1.Емил Нилсен, 54/137, 39%
2.Томас Мрква, 34/93, 37%
2.Андреас Паличка, 43/115, 37%
2.Андреас Вулф, 66/180, 37%
5.Самир Беласен, 45/133, 34%