Ракометарите на Текстилец славеа против Партизан Гевгелија со 27-26 во 12 рунда од прволигашкиот плеј-аут. Херој на домашните беше голманот Роберт Миланов, кој одбрани пенал на Лисичков по истекот на времето.
Иако гевгеличани водеа со 24-20 во последните десетина минути, имаа голем пад во играта, тоа беше искористено од штипјани. Домашните направија голем пресврт и поведоа со 25-24, а Партизан врати преку Атанасов за реми.
Последните два гола беа дело на Петров и Сенев за 27-25, додека гевгеличани одново беа во игра откако Велев стрелаше за 27-26. Текстилец на два пати погреши, Партизан не искористи еден напад, но во последниот доби пенал.
Савев направи фаул во последните секунди, Лисичков отиде да шутира но неговиот удар беше одбранет од Миланов и штипјани се израдуваа на трите бода од овој драматичен натпревар.
Сенев постигна седум гола за победникот, а по пет пати погодија Сенев и Јорданов, додека Лисичков имаше десет гола кај Партизан, а Анакиевски седум.