Милано: Ќе помогнам да се напише следното поглавје во историјата на Вардар

Најтрофејниот македонски клуб Вардар до крајот од оваа сезона ќе биде предводен од аргентинскиот стратег Гиљермо Милано.

Меѓу двете страни постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен.

На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар.

„Огромна чест е да добиеш повик од еден од најпрестижните тимови во Европа, и ја имав привилегијата да го следам клубот долги години во нивните настапи во Лигата на шампионите. Од Македонија ја покорија Европа со својот нескршлив карактер и борбеност инспирирајќи ги ракометните фанови насекаде. Како што го носам моето 20-годишно искуство со аргентинските репрезентации, исто така се обврзувам да и пристапам на оваа улога препознавајќи го наследството на големите тренери кои беа пред мене. Целосно сум посветен да дадам се за Вардар, да оставам се на теренот и да придонесам за континуиран успех на тимот. Возбуден сум што ќе бидам дел од ова ново поглавје во мојата кариера и ќе помогнам да се напише следното поглавје во историјата на Вардар, изјави Милано.

Аргентинец седнува на клупата на Вардар