Ѕвездата на Алборг и на данската репрезентација, Микел Хансен, одново ќе паузира од ракометните терени.
Тој заработи повреда на препоните, но според тренерот Стефан Мадсен, не е познато кога ќе биде повторно на терен.
„Хансен има повреда на една препона и оваа повреда мора да се сфати сериозно. Навистина штета, но мораме да вложиме дополнително напор и време за да го имаме 100% подготвен“, вели Мадсен.
Во Лигата на шампионите, Алборг е четвртфиналист, додека во данското првенство има да одигра уште три кола пред стартот на плеј-офот.
Минатата сезона Хансен не играше во клучниот дел, откако мораше да земе пауза од терените поради презаситеност од ракометот.