Тимот на Металург РА, како ретко кој прволигаш, одработува дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во странство.
Момците од Автокоманда се на подготовки во хрватскиот град Пореч и веќе одиграа и тренинг натпревар со словенечкиот Слован.
Предводени од капитенот Јаков Пановски, како и искусниот Горан Печенковски, ракометарите на Металург РА кон крајот на февруари ќе ја започнат борбата за Супер лига.
Наскоро би требало да бидат промовирани и неколку засилувања што ќе му помогнат на тимот да се вмеша во борбата за елитната конкуренција.
Металург РА со еден бод ќе го започне плеј-офот, а во првото коло ќе се сретне на домашен терен со Радовиш.