Металург РА сигурен против Јехона

Ракометарите на Металург РА ја остварија втората победа во прволигашката конкуренција, откако на свој терен триумфираа над Јехона со 30:24.

Избраниците на Мартин Бурчевски во текот на целиот натпревар имаа резултатска предност, на полувреме заминаа со 16:11 и според планот ги одработија вторите 30 минути.

Најефикасен во победничката екипа беше Филип Петровски со девет погодоци, по четири постигнаа Бојан Поповски и Матеј Филиповски.

Во поразениот табор најрасположен беше Адис Салиу, кој во мрежата на домаќините имаше десет успешни реализации.