Тимот на Металург Автокоманда ја забележа петтата победа во Женската лига, откако славеше против Гевгелија со убедливи…
Домаќинките отворија со водство со 6-0, беше и 10-1 и стана јасно каков натпревар ќе има до крајот.
До паузата Металург Автокоманда водеше со 22-5, а второто полувреме беше само формалност, па сите ракометарки добија шанса за настап.
Најдобри стрелци во победничкиот тим со по осум гола беа Михаела Кралева, Мила Трајковиќ и Анастасија Трпеска, додека кај Гевгелија по три погодоци имаа Елена Димова и Билјана Кадиева.
Металург Автокоманда сега има 15 бодови, додека Гевгелија останува на последната позиција како единствена екипа без освоен бод во оваа сезона.