Ракометарките на Ѓорче Петров пред заминувањето за Шпанија ќе одиграат натпревар од домашниот шампионат.
Избраничките на Симе Симовски денеска ќе се сретнат со екипата на Металург Автокоманда во рамки од 16. коло.
Ѓорче Петров во досегашниот тек од сезоната не загуби ниту бод, има 100% учинок, додека новакот во Женската лига на 15 натпревари оствари 13 победи.
За актуелниот бранител на титулата дуелот со Металург Автокоманда ќе биде вистинска проверка на силите пред европскиот двомеч со Елче.
Македонскиот шампион на 10 март ќе го одигра првиот четвртфинален натпревар против Елче, потоа на 17 март двете екипи во Скопје ќе го одиграат реваншот.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Металург Автокоманда ќе се одигра во спортската сала „Христо Батанџиев“ со почеток од 19:00 часот. Влезот за сите љубители е слободен.