Металург Автокоманда ја задржа младинската репрезентативка Трпеска

Тимот на Металург Автокоманда, кој за следната сезона прави поконкурентен тим за шампионската титула, го продолжи договорот со уште еден клучен играч.

Станува збор за кружниот напаѓач Анастастија Трпеска, која ги задоволи критериумите на тимот од Автокоманда и си доби продолжување на договорот.

Младинската репрезентативка во составот на Јулијана Дамчевска пристигна минатото лето од таборот на Ѓорче Петров.

Освен Трпеска, соработката со амбициозниот клуб ја продолжи левото крило Сара Миновска, како и левиот бек Таида Беровиќ.

За следната сезона Металург Автокоманда се засили со Анастасија Величковска од Вардар Илинден и сестрите Бојана и Борјана Коцеви од ЖРК Вардар.

Металург Автокоманда во првата сезона од настапите во Женската лига заврши на третото место, а во Купот на Македонија беше елиминиран од Куманово во фазата по групи.