Сара Миновска верна на Металург Автокоманда

Левото крило Сара Миновска и во новата сезона ќе ги брани боите на тимот на Металург Автокоманда.

Таа дојде во новиот клуб од Женската лига минатата сезона по настапите за Вардар и остави одличен впечаток.

Пружи одлични партии, па раководството се реши да и понуда нова соработка и за следната сезона во која ќе се влезе со големи амбиции.

Металург Автокоманда претходно се засили со Александра Коловска, дојде и Анастасија Величковска, а најавен е трансферот и на сестрите Бојана и Борјана Коцеви.

Тимот предводен од Јулијана Дамчевска, ќе заврши во ТОП 3 во Женската лига и ќе обезбеди место во Европскиот Куп.