Амбициозниот тим на Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, во своите редови го посакува кружниот напаѓач Јоханес Гола.
Германскиот репрезентативец, кој има 26 години, моментално, го носи дресот на Фленсбург, а во Мелсунген има настапувано во периодот од 2015 до 2018 година.
Според пишувањата на „handball leaks“, иако Гола има договор со Фленсбург до 2026 година, би можел идното лето да го засили Мелсунген.
Во моментов тимот предводен од Парондо на линијата од шест метри ги има екс вардарецот Рожерио Мораес, унгарскиот репрезентативец Адриан Сипос и Исланѓанецот Арнар Арнарсон.