Македонскиот пивотмен Матеј Тричковски по една сезона во Елче, реши повторно да ја смени екипата во Шпанија.
Тричковски беше дел од „витамините“ од Автокоманда до 2023 година, по што замина во Словенија, каде играше во екипите на Копер и Јадран Козина.
Потоа продолжи во Португалија, каде остана една сезона, пред минатото лето да се пресели во Шпанија, но не се задржа долго во Елче.
Тричковски своевремено беше на поширокиот список на младинската репрезентација на Македонија.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























