Левото крило Марија Тасевска во продолжение од сезоната ќе настапува во позната средина, австрискиот Дорнбирн.
Македонската интернационалка по една полусезона го заврши престојот во српскиот првак Јагодина и се врати во позната средина.
Веќе на првиот натпревар Тасевска стана најдобар стрелец со 12 гола, а тој беше последен од регуларниот дел на сезоната.
Нејзиниот Дорнбирн ќе се бори против Егенбург, Грац и Фунфхаус за место во елитната лига на Австрија следната сезона.
Се одигра и првата средба од плеј-офот, Дорнбирн победи со 33-26 против Егенбург, а Тасевска одново беше најдобар стрелец со десет погодоци.
Во Македонија, Тасевска настапуваше за Металург, додека на меѓународна сцена ги бранеше боите и на грчкиот ПАОК Солун.