Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер без проблем славеше против Куманово со 43-30 и ќе игра за место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Битолчани го архивираа поразот од Вардар, па сега со посветена игра успеаја да ја минат првата пречка во Купот.
На теренот немаше никаква неизвесност и мечот мина во комплетна доминација на избраниците на Раул Алонсо.
Најдобри стрелци во Еурофарм Пелистер беа Дејан Манасков со осум и Павле Петровиќ со седум гола, додека кај Куманово се истакна Фернандес со седум погодоци.
Ривал на битолчани во битката за завршниот турнир ќе биде победникот од дуелот меѓу Радовиш и Струга.
Куп на Македонија, групна фаза, распоред:
група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале
група 2 (сала Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер – Куманово 43-30
27/04, 13:30, Радовиш – Струга
27/04, 18:30, финале
група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28
група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
27/04, 13:00, Тиквеш – Аеродром
27/04, 19:00, финале