Малус: Голема е честа што станав дел од еден од најголемите клубови!

Најново засилување за Вардар е словенечкиот среден бек Јака Малус, кој доаѓа од словенечкиот Слован Љубљана.

Малус ги сподели првите импресии по трансферот во двократниот европски шампион и истакна дека му е голема чест што ќе го носи дресот на Вардар

„Голема честа ми е што станувам дел од еден од најголемите ракометни клубови во регионот – Вардар. Свесен сум за традицијата, амбициите и очекувањата што ги носи овој клуб. Ќе ми биде посебна гордост да го носам црвено-црниот дрес и да го претставувам клубот со толку богата историја и верна армија навивачи. Доаѓам подготвен да го дадам својот максимум, како на теренот така и надвор од него, и заедно со тимот да придонесам за нови успеси. Благодарен сум за укажаната доверба и се радувам на сè што нè очекува во наредниот период“, изјави Јака Малус при потпишувањето на договорот.

Покрај Малус, Вардар го донесе триото од Полска – Виктор Јанковски, Марек Марцинијак и Милош Валах, како и француското лево крило Мамаду Кеита, а потпиша беше договор и со македонскиот пивот Кристијан Анастасовски.

Активирана трансфер бомбата – Јака Малус две години во Вардар!