Малер на годината – Јагањац мора на нова операција!

Екс ракометарот на Металург и актуелен член на Рајн Некар, Халил Јагањац, 2023 година нема да ја памети по добро.

Хрватскиот репрезентативец поради честите повреди никако не може да го покаже својот голем потенцијал во најсилната лига на светот.

Левиот бек, кој имаше две операции на рамото, доживеа нова повреда, не толку опасна, откако на тренинг во понеделникот се здобил со фрактура на јаболчната коска.

Сега Јагањац ќе мора на нова операција и нова пауза од ракометните терени. Хрватот го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска и нема да настапи ниту на континенталниот собир во јануари.

Покрај Јагањац, на „лавовите“ од Манхајм извесен период ќе им недостасуваат уште неколку повредени играчи, меѓу нив се наоѓа и Уве Генсхајмер.

Нов малер за Јагањац – се врати на терен по долга пауза, но пак мора да отсуствува!

 

Заврши сезоната за Халил Јагањац!