Нов малер за Јагањац – се врати на терен по долга пауза, но пак мора да отсуствува!

Хрватскиот репрезентативец и екс член на Металург, Халил Јагањац, никако не може да го покаже својот голем потенцијал во Бундес лигата.

Членот на Рајн Некар откако ги одигра само првите два месеци во минатата сезона поради повреда на рамото, сега повторно ќе отсуствува од ракометните терени.

Клубот од Манхјам соопшти дека хрватскиот репрезентативец морал повторно да оди на операција поради болки на рамото.

25-годишниот ракометар од Хрватска во редовите на Рајн Некар пристигна во минатата сезона од Нексе Нашице.

Со хрватскиот вицепрвак во сезона 2021/22 стигна до Ф4 турнирот во Лигата на Европа и во второто по ранг европско натпреварување заедно со Петар Ѓорѓиќ беа најдобри стрелци, постигнаа по 108 погодоци.