Заврши сезоната за Халил Јагањац!

Официјалниот сајт на Рајн Некар Левен објави дека успешно е извршена операцијата на рамото на Халил Јагањац.

Левиот бек од Хрватска ќе го пропушти остатокот од сезоната, бидејќи првичната предвидена пауза е околу шест месеци.

24-годишниот некогашен бек на Металург се наоѓа во татковината каде ќе ја мине првата етапа од рехабилитацијата.

Јагањац ја игра првата сезона од трите најавени во бундеслигашот Рајн Некар, а потоа би требало да се врати во полскиот Келце, од каде што е позајмен.

Тој ќе го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска.