Турскиот вицепрвак и актуелен освојувач на Европскиот Куп, Коњалти Анталија, славеше нова победа во домашниот шампионат.
Тимот каде што играат трите македонски репрезентативки – Моника Килдан Јанеска, Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова, триумфираа против Аскарај со 46-22.
Кружниот напаѓач Гакидова не беше во составот, Ѓорѓиевска не се запиша во листата на стрелците, додека Килдан Јанеска даде пет погодоци.
Коњалти Анталија сега има пет победи на пет натпревари, а следниот натпревар го игра в понеделник против составот на Текирдаг.