Сето тоа ова можеше да биде решено поинаку, првенството да почне една недела порано, како повеќето низ Европа, повеќе вонредни кола да има во регуларниот дел, а не во плеј-офот и првата фаза во Купот да ја скокнат најдобрите екипи. Но очигледно е дека РФМ исполнува само желби на некои клубови и календарот е скроен за да им одговара само на нив.
Новата сезона во македонската Супер лига ќе стартува утре со натпреварот меѓу Бутел Скопје и Куманово што ќе се игра од 15 часот. Сезонава во споредба со минатата, екипите ќе имаат плус уште четири натпревари за играње и наместо 28, ќе одиграат 32 меча заедно во регуларниот дел и плеј-офот, односно плеј-аутот. А ќе имаме лига од 12 екипи, наместо 16 колку што имаше лани.
Клубовите особено оние што ќе се борат за титулата, ќе имаат набиен распоред во плеј-офот, иако тој требаше да биде познат многу порано и клубовите да ги планираат своите активности. Некои од клубовите имаат договори со актуелните играчи до 31 мај, а тие треба да останат најмалку до 7/8 јуни што повлекува и дополнителни трошоци за тоа, како и за станови, храна и слично.
Освен Бундес лигата, веројатно македонската Супер лига е единствената што ќе заврши во вториот викенд од јуни, кога ќе се игра завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.
Сето тоа ова можеше да биде решено поинаку, првенството да почне една недела порано, како повеќето низ Европа, повеќе вонредни кола да има во регуларниот дел, а не во плеј-офот и првата фаза во Купот да ја скокнат најдобрите екипи. Но очигледно е дека РФМ исполнува само желби на некои клубови и календарот е скроен за да им одговара само на нив.
На пример шампионот Еурофарм Пелистер ако стигне и до завршницата во Купот на Македонија, ќе одигра вкупно 37 натпревари, плус оној во Супер Купот и најмалку 14 европски натпревари во Лигата на шампионите, тоа се 52 натпревари, што практично значи играње среда-сабота во текот на целата сезона, секако со исклучок на репрезентативните паузи и паузата меѓу двете полусезони.
Но и тоа сигурно не би било проблем, секаде низ Европа најдобрите клубови играат во тој ритам, но таму распоредите со датуми, термините, па дури и саатниците се познати уште на средината на јуни, а кај нас…