Македонската експедиција замина за Талин

Машката репрезентација на Македонија утринава со лет преку Франкфурт отпатува за естонската метропола Талин. Tаму треба да пристигне околу 14:00 часот, а вечерва би требало да одработи и тренинг

Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место.

Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.

Словенија е прва осум бода, Литванија има шест на второто место, додека Македонија е трета само со два бода.