Македонија губи на полувреме од домашната селекција на Германија со резултат (18:13). Избраниците на Лазаров парираа во првите десетина минути, по што следуваше лош период во играта. Големиот број неизнудени технички грешки, резултираа со лесни голови во нашата мрежа, а Германија со серија од 4-0 се одлепи на 9:4. Највисокото водтсво за “панцирите“ беше 16-9 во 25.минута, а во последните пет минути нашата репрезентација успеа да намали два од гола од вкупната негатива, за конечни на полувреме 18:13.
Остануваа уште триесетина минути во кои Македонските ракометари ќе се обидат да го поправат впечатокот по првото полувреме.