Женската младинска репрезентација на Македонија ги доби ривалите за претстојното Светско првенство, кое од 19 до 30 јуни ќе се игра во нашата земја.
Македонија како домаќин на младинскиот Мундијал имаше привилегија да ја одбере групата во која ќе настапи.
Избраничките на Дарко Јанев имаат ривали по мерка, ќе играат во групата Х заедно со репрезентациите на Ангола, Исланд и САД.
Се работи за лесни противници, со исклучок на Исланд, но ракометарките на Македонија треба да одработат максимално на секој натпревар.
Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе продолжат во следната фаза, додека оние репрезентации кои ќе завршат на трето и четврто место ќе играат во „Президент Купот“.
Актуелен бранител на титулата кај младинките е репрезентацијата на Норвешка, која пред две години во финалето славеше над Унгарија.
Младинскиот Мундијал ќе се игра во две сали, домаќини на најдобрите репрезентации од светот ќе бидат СЦ „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски“.