Македонија на ЕП отвора со Шведска, на крај игра со Турција!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за групите за претстојното Европско првенство 2024.

Пласман на континенталниот собир преку квалификации обезбеди и репрезентацијата на Македонија, која ќе игра во групата А заедно со репрезентациите на Унгарија, Шведска и Турција.

Ракометарките на Македонија во првото коло ќе се соочат со Шведска, потоа во второто коло ќе играат против Турција и последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат против домашната селекција.

Ова е прво Европско првенство во женска конкуренција со 24 селекции, а место во главната рунда ќе обезбедат прво и второпласираната репрезентација од секоја група.

Стручниот штаб на „црвено-жолтите“ ќе има околу шест месеци на располагање да направи стратегија за добар настап на Европското првенство.

16-то издание на континенталниот собир ќе се одржи во периодот од 28 ноември до 15 декември. Домаќини на најдобрите европски репрезентации ќе бидат градовите Базел (Швајцарија), Виена и Инсбрук (Австрија) и Дебрецин (Унгарија).

Македонија ќе игра во Дебрецин – еве кои се ривалите на ЕП 2024!