Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за групите за претстојното Европско првенство 2024.
Пласман на континенталниот собир преку квалификации обезбеди и репрезентацијата на Македонија, која ќе игра во групата А заедно со репрезентациите на Унгарија, Шведска и Турција.
Ракометарките на Македонија во првото коло ќе се соочат со Шведска, потоа во второто коло ќе играат против Турција и последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат против домашната селекција.
Распоред на натпреварите на Македонија во групната фаза на ЕП:
28/11, Македонија – Шведска
30/11, Македонија – Турција
02/12, Македонија – Унгарија
Ова е прво Европско првенство во женска конкуренција со 24 селекции, а место во главната рунда ќе обезбедат прво и второпласираната репрезентација од секоја група.
Стручниот штаб на „црвено-жолтите“ ќе има околу шест месеци на располагање да направи стратегија за добар настап на Европското првенство.
16-то издание на континенталниот собир ќе се одржи во периодот од 28 ноември до 15 декември. Домаќини на најдобрите европски репрезентации ќе бидат градовите Базел (Швајцарија), Виена и Инсбрук (Австрија) и Дебрецин (Унгарија).
Македонија ќе игра во Дебрецин – еве кои се ривалите на ЕП 2024!